Nokia E7 00 - Поврзување на телефонот со домашното кино

background image

Поврзување на телефонот со домашното кино
Можете да го користите Вашиот телефон со системите за домашно кино. Со

компатибилните системи за домашно кино, можете да уживате во високо

квалитетни видео записи со Dolby™ Digital Plus 5.1 аудио со повеќе канали за

потполно опкружено звучно искуство.

1 Поврзете го HDMI адаптерот во HDMI конекторот на Вашиот телефон.

2 Поврзете HDMI кабел (достапен одделно) со адаптерот, а потоа со HDMI

приклучокот на Вашето домашно кино.
Потребно е домашното кино да го поддржува стандардот HDMI 1.3 и да може

да пренесува видео до Вашиот телевизор преку HDMI. Вашиот телефон

дешифрира Dolby Digital Plus и произведува PCM аудио до Вашето домашно

кино.

80

Вашите слики и видео записи

background image

3 За да го поставите домашното кино да го користи соодветниот HDMI влез,

погледнете ги упатствата за корисникот на домашното кино.

4 Пуштете видео на Вашиот телефон.

Максималната видео резолуција што е поддржана е 1280x720 (720p) и Вашиот

телефон не поддржува датотеки што се поголеми од 4 GB.

Пример: MP4 или MKV видео запис што ги има следните својства:

Видео: AVC 1916kbps, 24fps, (Профил на високо ниво) High Profile Level 3.1, 3

ref. рамки

Аудио: Dolby Digital Plus E-AC-3, 384kbps, 6 канали