
Вметнување или отстранување на SIM картичка
Не залепувајте лепенки на Вашата SIM картичка.
Важно: Овој уред е направен за употреба само со стандардна SIM картичка
(види слика). Употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
картичката. Консултирајте се со мобилниот оператор за употребата на SIM
картичка што има мини-UICC исечок.
Вметнете ја SIM картичката
1 Исклучете го телефонот и отстранете го држачот за SIM картичка од
телефонот.
2 Завртете го држачот на SIM картичката.
3 Осигурете се дека областите за контакт се свртени нагоре и вметнете ја SIM
картичката во држачот за SIM картичка.
За почеток
13

4 Завртете го држачот на SIM картичката и наместете го на телефонот.
Отстранување на SIM картичката
1 Исклучете го телефонот и отстранете го држачот за SIM картичка од
телефонот.
2 Завртете го држачот на SIM картичката.
3 Отстранете ја SIM картичката.
4 Завртете го држачот на SIM картичката и наместете го на телефонот.