Nokia E7 00 - Тастатура

background image

Тастатура
Вашиот телефон има целосна тастатура. За да ја отворите тастатурата,

притиснете го екранот на допир нагоре. Екранот се ротира автоматски од

вертикален во хоризонтален режим кога ќе ја отворите тастатурата.

1

Копче за функција. За да вметнете специјални знаци отпечатени на

копчињата, притиснете го копчето за функција, а потоа притиснете го

соодветното копче. За да внесете неколку специјални знаци последователно,

притиснете го копчето за функција двапати. За да се вратите во нормалниот

режим, притиснете го копчето за функција.

2

Копче shift. За да се префрлувате помеѓу режимите на големи и мали букви,

притиснете го копчето shift двапати. За да внесете една голема буква додека

сте во режимот на мали букви или една мала буква додека сте во режимот на

големи букви, притиснете го копчето shift, а потоа изберете ја саканата буква.

10

За почеток

background image

3 Копче за симболи. За да внесете специјални знаци кои не се прикажани на

тастатурата, притиснете го sym копчето и одберете го саканиот знак. За да

го промените јазикот за пишување, притиснете и задржете го копчето shift,

потоа притиснете го копчето за симболи и одберете го саканиот јазик.

4 Копче space

5

Копче backspace. За да избришете знак, притиснете го копчето

backspace. За да избришете неколку знаци, притиснете и задржете го

копчето backspace.

Вметнување варијација на некоја буква
На пример, можете да вметнувате букви со акценти. За да внесете á, притиснете

и задржете го копчето за симболи, а потоа притискајте A додека не се прикаже

саканата буква. Распоредот и достапноста на буквите зависат од одбраниот јазик

на пишување.

Вметнување на број или на посебен знак што е означен на копчето
Притиснете и задржете го саканото копче.