
Совети за слики и видео записи
Притиснете и задржете го копчето за камера.
Кога фотографирате:
•
Користете ги двете раце за смирено да ја држите камерата.
•
Кога зумирате, квалитетот на сликата може да се намали.
•
Камерата го вклучува режимот на штедење на батеријата по една минута
неактивност. За да ја активирате камерата повторно, кратко притиснете го
копчето за камерата.
•
Можете да приложите некоја слика до контактот во Вашата листа на контакти.
По фотографирањето, одберете ја
>
Use image
>
Assign to contact
.
Поместете ја рамката за да ја исечете сликата, допрете го екранот за да се
прикаже лентата со алатки, одберете ја и одберете го контактот.
Одржувајте безбедно растојание кога го користите блицот. Не го користете
блицот на луѓе или животни одблизу. Не го покривајте блицот додека
фотографирате.
Кога снимате видео:
•
За најдобри резултати, пред да започнете со снимањето, затворете ги сите
отворени апликации.