Nokia E7 00 - Поврзување на USB уред за масовна меморија

background image

Поврзување на USB уред за масовна меморија
Можете да користите USB On-The-Go (OTG) (Во-движење) адаптер за да го

поврзете Вашиот телефон со компатибилно USB мемориско стапче или тврд диск.

На пример, можете да ги зачувате Вашите слики на USB мемориско стапче без да

морате да се поврзувате на компјутер.

Поврзување на мемориско стапче

1 Поврзете го микро крајот од USB OTG адаптерот (се продава одделно) со

микро-USB конекторот на Вашиот телефон.

2 Поврзете мемориско стапче со USB OTG адаптерот.

Се отвора апликацијата Files, а мемориското стапче е прикажано како масовна

меморија.

Конективност 119

background image

Копирање датотека
Во Files, одберете и задржете ја датотеката што сакате да ја копирате и од менито

што се појавува, одберете ја саканата опција и целната папка.

Ако поврзете тврд диск што бара повеќе од енергија отколку што уредот може да

обезбеди, се појавува порака за грешка. Треба да поврзете надворешен извор на

енергија за тврдиот диск.