Nokia E7 00 - За начините на позиционирање

background image

За начините на позиционирање
Мапи ја прикажуваат Вашата локација на мапата користејќи GPS, A-GPS, WLAN или

мрежно (cell ID) позиционирање.

Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е сателитски навигациски систем

наменет за пресметување на Вашата локација. Assisted GPS (A-GPS) е мрежна

услуга што му помага на GPS приемникот, со подобрена брзина и прецизност на

позиционирањето. Дополнително, може да се користат засилувања на GPS за

92

Мапи

background image

позиционирањето да се подобри и забрза. Тоа може да бара пренос на мало

количество податоци преку мобилната мрежа.

Позиционирањето преку WLAN ја подобрува точноста кога GPS сигналите не се

достапни, посебно кога сте внатре или помеѓу високи згради.

Со позиционирањето основано на мрежа (cell ID), позицијата е одредена преку

мобилниот систем на којшто телефонот моментално е приклучен.

За да ги намалите трошоците за пренос на податоци, можете да ги исклучите A-

GPS, WLAN и позиционирањето основано на мрежа (cell ID) во прилагодувањата

за позиционирање на телефонот, но пресметувањето на локацијата може да

потрае подолго, локацијата може да биде понеточна, а GPS приемникот може

почесто да ја губи локацијата.

На достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да влијаат Вашата локација,

положбата на сателитите, зградите, природните пречки, временските услови и

прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата на Соединетите

Американски Држави. GPS сигналите можат да бидат недостапни во

внатрешноста на згради или под земја.

Не користете GPS за прецизни мерења на локации и никогаш не потпирајте се

исклучиво на податоците за локацијата обезбедени од GPS и мобилните мрежи.

Мерачот на патот може да биде неточен, во зависност од достапноста и

квалитетот на Вашата GPS конекција.

Забелешка: Користењето WLAN може да биде ограничено во некои земји. На

пример, во Франција, дозволено е користење WLAN само во затворен простор. За

повеќе информации, контактирајте ги Вашите локални власти.

Во зависност од достапните начини за позиционирање, прецизноста на

позиционирањето може да се разликува од неколку метри до неколку километри.